Насловна / Вести / Уредување оаза за уживање

Уредување оаза за уживање

Со оригинални идеи и ефективни градинарски елементи, дури и најмалото парче зелена површина може да стане оаза на уживање на која секој ќе ѝ се восхитува.

Вашиот двор треба да биде место за уживање и релаксација. Сега е добро време да направите план за уредување на надворешниот простор за да може да ги користите претстојните убави денови во пријатно, уредно и креативно опкружување.

Зависно од желбата, постојат неколку совети за уредување на дворот.

basta9

ПЕРГОЛА КАКО ЕЛЕМЕНТ ВО ГРАДИНАТА

Ако просторот во вашиот двор е мал за големи дрвја или ви треба алтернатива сè додека не порасне, перголата е елегантно решение што ќе ви обезбеди сенка и сигурно ќе ѝ даде повеќе карактер на вашата градина отколку чадор. Перголата е на некој начин продолжение на ентериерот затоа што ќе ви овозможи простор во кој ќе се чувствувате како во дневната соба.

ОАЗА ЗА СМИРУВАЊЕ ВО ВОДА

За да имате оаза на вода во дворот, не е важно колку простор имате. Доволно е многу мало езерце или фонтана за да ве освежат и опуштат во текот на топлите денови. Исто така има проекти „направете го тоа сами“ за кои не е потребно многу време и пари, а можат целосно да го трансформираат просторот. Може да направите фонтана од украсен камен или мини-езеро во градината.

basta3

Доколку не се плашите од поамбициозни проекти и подготвени сте да издвоите малку повеќе пари за уредување на вашиот агол за релаксација на отворено, ви предлагаме да изградите ѕид со вода на едниот крај од дворот, што секако нема да остане незабележано.

ЧАКАЛОТ КАКО ЕФТИНО И ПРАКТИЧНО РЕШЕНИЕ

Ако барате ефтино и брзо решение и сакате максимално да го искористите просторот на вашата мала градина, заменете дел од тревникот со чакал. Чакалот е одлично решение бидејќи не е потребно одржување, а полесно е да се инсталира отколку камени плочи или цигли. Потребно е само да се постави подлога под чакалот, што ќе спречи раст на плевелите.

basta8

ДЕКОРАТИВНИ ПАТЕКИ

Интересна патека може да биде вистинска декорација во градината, а некои од најпознатите украсни патеки се изработени од шарени камчиња, бидејќи тие овозможуваат голема слобода да ја изразат вашата креативност. И многу мала патека од портата до куќата ќе биде доволна за да ги воодушевите вашите гости, но и сите што ќе поминат покрај вашиот двор.

basta13

ВЕРТИКАЛНА ГРАДИНА

Вертикалните градини се исклучително привлечни и лесно се вклопуваат во кој било тип на двор, но тие се идеално решение доколку немате на располагање многу простор. Со нив, може да ја зголемите површината под растенијата во вашиот двор, без да зафаќате вреден простор. Дополнителна предност е што може сами да изработите креативни вертикални градини користејќи разни предмети како гајби, палети, стари шишиња.

basta7

РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

Но, при уредувањето на градината, а и подоцна потребно е да се внимава на некои елементи. Треба да се остави доволно простор за растенијата. Растенијата и цвеќињата го прават секој надворешен простор поубав, но има тенка линија меѓу богата градина и хаос од стебла, ливчиња и лисја. Дајте му на секое растение доволно простор да расте слободно, без да се бори за вода и сонце. Осветлувањето на дворот е нешто што не треба да се заборави. Исто како и во ентериерот, еден извор на светлина не е доволен. Затоа, осветлете неколку агли во дворот: поставете ламби, фенери или свеќи по патеката, на градината, во близина на гаражата. Одвреме-навреме проверувајте дали работат градинарските светилки. Неколку помали ламби ќе овозможат поубаво и пријатно осветлување до домот, а гостите полесно ќе го најдат влезот.

basta10

Одржувајте ја градината без плевели. Се разбира, не е можно да се отстрани секое диво растение веднаш штом се појави, но нема оправдување за двор обраснат со плевел. Одвојте време секоја недела за да отстраните плевел и дворот ќе изгледа уредно цела година. Исчистете ги скалите. Дворот е првото нешто што некој го гледа кога ќе дојде да ве посети, па зошто да не се обидете да оставите добар впечаток. Ако влезот во вашиот дом вклучува скали, проверете дали редовно ги чистите. Земјата, камчињата, лисјата и тревата се акумулираат многу лесно на нив, така што тие може да изгледаат многу неуредно. Бојадисајте ја портата. Иако портата не е првото нешто што ви паѓа на памет кога размислувате за дворот, сепак е нераскинлив дел од неа. Ако забележите дека бојата исчезнува од долгото изложување на сонце и ветер, бојадисајте ја што е можно побрзо и спречете вашиот дом да изгледа неодржано.

basta4

Не оставајте градинарски алат надвор. По долгата работа во дворот, сè што сакате е да се опуштите и да се релаксирате. Но, не заборавајте ги вашите ножици, лопати и метли во дворот. Завртете го цревото за наводнување, соберете ги алатките и дозволете да се види вашата напорна работа.

basta11

Испрати коментар

Scroll To Top