Општина Кисела Вода продолжува со акциите за уредувањето на тревните површини низ целата нејзина територија.
Од вчера, па се до 19 август се спроведува слична таква акција, при што ќе бидат ангажирани вкупно 45 сезонски работници кои ќе работат со тримери и други алати за косење на тревните површини.
Активностите се одвиваат на улиците „Сава Ковачевиќ“ (индустриска зона), „Жил Верн“, „Наум Охридски“, „Востаничка“, „Баница“, „Георги Димитров“, „Локов“, „Марко Орешковиќ“, „Новопроектирана“ (УЗ Расадник), „Марко Орешковиќ“, „Мариовска“ и делот околу Теферич, каде на 19 Август ќе биде одбележан верскиот празник „Св.Преображение“.