Атрактивен мебел е најзначајната карактеристика во малите градини, бидејќи неминовно таа претставува фокусна точка. Според тоа, масата, столиците, чадорот или тендата претставува многу повеќе од само место за одмор.
Ред од странично засаден бамбус или грмушести садници, ќе створи силна структура по должина на границата од градината. Повторувањето помага да се створи чувство на хормонична едноставност, додека садниците со својата висина ја штитат градината од надворешни погледи со што се создава интимна атмосфера. Едноставно садење на ниска вегетација во форма на бордури на двете страна по должина на бетонските или поплочените делови во градината дава силен ефект.
Централниот простор во градината каде што традиционално е позициониран тревникот, може да се уреди и само со дробеник, кој дополнително би се користел за седење или играње. За создавање на визуелен ефект најдобро е во минијатурни градини да се употребуваат павер елементи со прави и чисти линии.
Super izgleda!