Насловна / Архитектура / Урбанизмот во Република Македонија низ делата на архитект Рафаил Влчевски

Урбанизмот во Република Македонија низ делата на архитект Рафаил Влчевски

Комората на овластени архитекти и инженери на Р.Македонија (КОАИ) организира стручен семинар„ Урбанизмот во Република Македонија низ делата на архитект Рафаил Влчевски – опус на над 50 годишно работно искуство“. На стручниот семинар кој ќе се одржи во вторник, 5 февруари 12:00 часот во Салата за конференции во КОАИ ќе бидат изложени дела од урбанистот Рафаил Влчевски, еден од доајените на урбанистичкото планирање на овие простори, поранешен директор на Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје и добитник на наградата од Комората за 2018 година, именувана „Проф. Борис Чипан“.

4
Рафаил Влчевски е роден 1935 година во Солун. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје под менторство токму на професорот Борис Чипан.
Магистрирал во Скопје во 1983 година на тема „Урбано-социолошки аспекти на домувањето“ под менторство на проф. д-р Миодраг Јаниќ.

IME I PREZIME
По дипломирањето се вработил во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје. Тука работел како проектант и раководител на атеље. Од 1989 до 1995год. бил директор на Заводот
Од 1995 до 2000 година работел во Јавното претпријатие за просторни и урбанистчки планови на Р. Македонија.
Се јавува како архитект со богат и разновиден опус, како од областа на урбанизмот така и од областа на архитектонското творештво.

IME I PREZIME
Се вбројува во градителите на ново Скопје. Активно учествувал во изготвување на урбанистичките планови за град Скопје заедно со екипите на Доксијадес од Атина и Полсервис од Варшава на
ГУП 1964/65 година и ОУП-Скопје од 1985 година. Бил раководител на рабтен тим за изготвување на Наврт-планот за градот Скопје 2002-2020година. Работел како планер или ревидент на многу генерални и урбанистички планови во Македонија и поранешна Југославија. Учесник е и на многу конкурси и добитник на повеќе награди и прознанија за истите. Автор е на ДУП за уредување на коритото на Вардар со крајбрежните површини во Скопје, ДУП за населба Аеродром, Урбанистичко решение за центарот на Бања Лука, Куманово, Димитровград, Теразијска тераса во Белград, Урбанистичко решение за микрореон во Прокопјевск-Русија и многу други. Негови објекти се Банка во Срењанин, објектот на Градскиот завод за урбанизам (денес во него е сместено Специјалното јавно обвинителство – СЈО, станбени згради во населнбата Аеродром, објектот „Палата Македонија“ и др.

IME I PREZIME
Добитник е на повеќе признанија за својата работа како што се:
– 1973 Повелба од Собрание на град Скопје, за особени заслуги во обновата и изградбата на град Скопје
– 1973 Диплома на урбанистичкиот сојуз на Југославија – УСЈ, за долгогодишна работа на развивање на урбанистичко-архитектонската мисла и струка
– 1986 Златна значка на УСЈ, за особени заслуги во развојот на урбанистичкото творештво.

ВАЖНО: Регистрацијата за настанот се врши исклучиво преку веб страната на Комората на следниот линк.

Испрати коментар

Scroll To Top