Советниците од општина Ѓорче Петров изгласаа нови урбанистички планови предвидени за урбаниот дел во општината, кои значајно ќе придонесат за видоизменет лик на дел од Ѓорче Петров и ќе овозможат побрз развој на лесната, незагадувачка индустрија во индустриските зони, информираат од општината.
– Тие се предвидени со новите детални урбанистички планови за градска четврт С3 08 и градска четврт С3 18, и беа изложени на јавна анкета, а граѓаните имаа можност да извршат увид во истите и да даваат сугестии и предлози за дополнување на предлог-плановите, кои Советот ги стави на гласање и ги изгласа, појаснуваат општинарите.
Со новите урбанистички планови се предвидува изградба на објекти за колективи и индивидуално домување, училишта, градинки, детски игралишта, паркови, трговски центри Дом за стари лица и други содржини кои видно ќе го подобрат урбаното живеење, но и ќе се овозможат нови вработувања на младите од општината.
На седницата беше донесен и општ акт за Ново село за утврдување на услови за градење со што им се овоможува на граѓаните непречено да градат.