Насловна / Архитектура / Урбанистички планови по електронски пат

Урбанистички планови по електронски пат

urbanisticki plan
Постапките за изготвување и одобрување на урбанистичките планови ќе бидат по електронски пат, најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Според него, електронски систем за урбанистичките планови нема во ниту една држава во Европа, а со неговото воведување ќе се овозможи урбанизација на просторот на потранспарентен и поефикасен начин што ќе ги зголеми инвестициите и ќе го забрза економскиот развој. Од почетокот на електронскиот систем на дозволите за градба, досега се поднесени 1.504 барања а веќе се издадени 389 одобренија. Просечното време за добивање на дозвола била 18 дена, а претходно целата постапка се одвивала за 45 дена, па и повеќе.
Распределбата на ЦЕМТ дозволите е пионер во воведувањето на електронските алатки во ресорот за давање услуги за граѓаните, на побрз, поефикасен и потранспарентен начин, додава тој.
„Најважна работа во воведувањето на сите електронски алатки е исклучувањето на човековиот фактор. Системот е без никакво човеково влијание во наплатата на патарините, а очекувам да биде воведен на крајот на 2014 или почетокот на 2015 година “, изјави Јанакиески.

Испрати коментар

Scroll To Top