Во знак на поддршка на напорите на граѓаните и еколошките организации за решавање на проблемот со енормното загадување во Скопје, екипата наречена „Урбани уметнички акции“, постави две „кабини за дишење на свеж планински воздух“ во Скопје, односно едната кај трговскиот центар Буњаковец, а другата кај пазарчето во општина Аеродром.
Од „Урбани уметнички акции“ додаваат дека со оваа акција сакаат да им помогнат на граѓаните барем малку да подишат чист воздух, а акцијата ќе продолжи и наредните денови и ќе се носи нов свеж планински воздух. По Скопје, акцијата ќе биде спроведена и во Тетово, додаваат од организацијата.