Насловна / Архитектура / Урбани речни просторни наративи во Бангладеш

Урбани речни просторни наративи во Бангладеш

Co.Creation.Architects, Khondaker Hasibul Kabir и Suhailey Farzana го ремоделираа кејот на реката Набаганга во Џенаида, Бангладеш, достапен за уживање на сите локални жители. Во последниве години, пристапот и користењето на реката и нејзините брегови биле значително отежнати, па затоа, со оваа интервенција на заедницата и се обезбедува нов јавен простор во градот со 250.000 жители, нудејќи пешачки патеки, градини и културни објекти, како и еколошки напори за зголемување на биодиверзитетот по должината на реката.

2

Урбаниот дизајн се состои од два „гати“ – скали кои водат до платформите во реката, со соседни патеки – и отворање на претходно попречени пешачки патеки кои сега водат до нив.

Едноставниот, контекстуален дизајн користи локални материјали како што се тули и бетон,  и истиот е подигнат од локални градители, ѕидари и занаетчии; специфично за интервенцијата е што истата го почитува контекстот и успева да ги задржуви сите дрвја, односно целиот еко систем затегнат на локација.

Следните фази на проектот се фокусираат на јавната употреба на речната област со шеталишта, градини, културни објекти и еколошки напори за зголемување на биолошката разновидност во реката. Преку доследно учество на заедницата, во сите фази од проектот и вклучување на маргинализираните групи и локалната работна сила, навидум едноставниот потфат за чистење на пристапот до реката Набаганга во Џенаида. Со овој потег, напуштената и неформална депонија се трансформира во атрактивен и достапен мултифункционален простор што е ценет од различните заедници на Џенаида. Како таков, проектот успеа да ја смени еколошката деградација и опасностите по здравјето на реката и нејзините брегови и да поттикне ефективно еколошко подобрување на речниот биодиверзитет.

3

Неодамнешната урбана експанзија во Бангладеш доведе нејзините речни градови на место да се фокусираат кон зачувување на локалниот идентитет да се задушат во мноштво инвазивни инфраструктурни зафати, задушувајќи ги постојните водотеци во депонии. Еден таков пример е градот Jhenaidah, каде што пораснаа архитектите Khondaker Hasibul Kabir и Suhailey Farzana.

Заинтересирани да го подобрат квалитетот на животот во своето место на живеење, тие се враќаат од Дака во 2015 година поттикнувајќи партиципативна иницијатива за да им се овозможи на заедниците со ниски приходи да градат свои куќи, по што ќе следи обемна серија „Работилници за ко-креација“ во кои граѓаните ќе се ангажираат да го преиспитаат потенцијалот на јавните простори на градот. Ставањето на добиените визуелизации во акција ги произведе Урбаните речни простори, кои досега се состојат од два гата (скалила што водат до платформите покрај водата) и пристапните патеки што овозможува да се оствари одново, поврзување на градот со реката. Сите видливи површини се обработени со локална тула.

6

5

Поголемиот скалник, 115 метри долгиот „јавен гат“ има две висорамнини поврзани со различни скали и рампа за лицата со посебни потреби, а долната површина останува најмалку 3,7 метри над водата. Луѓето од сите возрасти, вклучително и некои од блиските градови и села, редовно доаѓаат овде за да шетаат, седат, се среќаваат или се занимаваат со спортски, културни или рекреативни активности. Горниот потпорен ѕид служи на долното плато како вертикална површина за изложби, каде се спојува со парапет што се извива околу веќе постоечките дрвја – стари повеќе од еден век – за да создаде полузатворени, засенчени области каде луѓето можат да седат еден спроти друг. Овој гат може да послужи и како аудиториум на две нивоа за театарски претстави на спротивниот брег од реката.

Помалиот „гат“ е директно слеан со површината на водата преку неколку потези. Наменет е за корисниците со низок стандард во градот, каде што мнозинството се Хинду, за конкретно да ги задоволи нивните потреби во поглед на капење, миење и практикување верски ритуали.

Понесена од ентузијазмот , општината Џенаида вработи локални занаетчии за да го изведат проектот, а архитектите за целото време обезбедувале про-боно консултантски услуги на заинтересираните граѓани. Градоначалникот во својот говор додаде дека претставници од над 50 општини посетиле дел од овие програми за директна инклузивност на заедницата и оваа пракса ќе продолжи и во идниот период.

9

10

11

 

Испрати коментар

Scroll To Top