Урбаните пазари се развивале со векови, уште од грчката Агора па се до Форумот во Рим, луѓето постојано се во потрага по место кое, освен тоа што ќе служи за набавка на основните прехранбени продукти, ќе претставува и простор за социјализација помеѓу нив. Поради тоа архитектите во последните неколку години сè повеќе ја развиваат идејата за создавање големи пазари кои ќе се карактеризираат со функционалност и карактеристична визуелна впечатливост.
Santa Caterina Market од Miralles Tagliabue EMBT, Барселона, Шпанија
Реставрирањето на овој голем историски објект вклучи обнова на кровот со огромни плочки поставени како пиксели според бојата, кои истовремено овозможуваат покрив на посетителите.
Bursa Wholesale Greengrocer’s и Fishmongers Market од Tuncer Cakmakli Architects, Бурса, Турција
Елипсовидниот изглед на пазарот во Бурса се развива под влијание на традиционалните сводни пазари во Азија. Овој пазар со современ дизајн им овозможува на посетителите модерен ценатр за разновидни активности, разменување добра и трговија на мало.
Municipal Market Manlleu од Comas-Pont Arquitectes, Барселона, Шпанија
Овој простор е обединет со принципот на „виткање“ на просториите, со што се овозможува дневна светлина и вентилација во ентериерот.
Market Hall Ghent од Marie-Jose Van Hee Architecten и Robbrecht en Daem Architecten, Гент, Белгија
Оваа величествена, готски инспирирана сала е дел од планот за реставрирање на центарот на градот. Покривот на салата е спецсифичен и дополнително перфориран, со што при ноќна светлина целиот објект се трансформира во „осветлена скулптура“.
Besiktas Fish Market од GAD, Бешикташ, Турција
Пазарот е сместен во еден од најгусто изградените делови на градот на компактна триаголна парцела. Дизајнот се одликува со бетонски школки кои се виткаат на краевите.
Cachan Covered Market од Croixmariebourdon Architectures, Париз, Франција
Пазараот се наоѓа во јужно предградие на Париз и целиот објект претставува еден вид челично-дрвена кутија, додека во внатрешноста се наоѓа огромен простор за продажба на производи.
Market Hall од MVRDV, Ротердам, Холандија
Овој објект на MVRDV има слободен план со серија апртмани сместени во флексибилната структура на објектот. Внатрешноста на пазарот е карактеристична по живописните мурали кои ги красат ѕидовите.