Португалскиот артист Artur Bordalo го искористува уличниот смет, како што се алуминиумски лименки, автомобилски гуми, дрво и разновидни апарати, и го претвора во колористични животински инсталации поставувајќи ги во запуштените агли на Лисабон. Неговата уникатна техника обезбедува урбана улична уметност со една поинаква димензија. Артистот чие уметничко име е Bordalo II користи техника на лепење во форма на колаж, а на крај користи разнобојни спрејови за финиширање на инсталацијата.