Овој ентериер е еден од типичните скандинавски модерни еклектични ентериери кој истовремено е топол и воздржан. Овде секој детал, секое парче мебел, секој ѕид, секоја намерно поставена книга, па дури и играта со светлото раскажуваат свој дел од една приказна и ја одржуваат индивидуалноста на куќата и неговиот сопственик.
Терасата на овој стан го отелотворува се она што е во добра кореспонденција со овој простор. Во оваа тераса се опфатени природни елементи како изобилство од зеленило, дрвен под и седечка гарнитура која наликува дека е направана од природни материјали. Оваа тераса, иако во центарот на градот и во непосредна близина на градскиот метеж, им нуди на корисниците одмор од сето ова и чувство дека се наоѓаат на некое мирно рурарно местенце каде се далеку од градската врева.