Насловна / Вести / Урбан мини плоштад во центарот на Скопје

Урбан мини плоштад во центарот на Скопје

Новиот мини плоштад на спојот на улица „Пиринска“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ е уште еден освоен простор за одмор и релаксација за жителите на околните згради и за минувачите.nova pjaceta

На местото на несредениот паркинг, оштетен асфалт и подлога и бандери од кои висеа кабли, на површина од 290 м2, општина Центар изгради мини плоштад, хортикултурно уреден со јавно осветлување и нова урбана опрема.nova pjaceta (3)

Плоштадот е поплочен со комбинација од природен гранит и травертин. Материјалите се карактеризираат со трајност, квалитет и долговечност, лесно се одржуваат и се во склад со најмодерните светски стандарди за партерно уредување. Доминираат мултифункционалните урбани елементи, клупи и вградени држачи за велосипеди. Амбиентот го дополнуваат две високи дрвја – ликвидамбери, кои во лето ќе бидат природен чадор за сонце.nova pjaceta (7)

Во жардиниерите има густо зеленило, а просторот е осветлен со канделабри и 17 амбиентални светилки.nova pjaceta (6) nova pjaceta (4) nova pjaceta (2)

На барање на граѓаните, поставена е чешма со вода за пиење и разладување.

 

Испрати коментар

Scroll To Top