рхитектонските студија на Jaume Bach, Anna Bach, Eugeni Bach, Xevi Bayona, Alba Colomer, во соработка со градежниот инженер Луис Пане, го финалзиираа проектот за урбана реконструкција на шеталиштето Miquel Blay, познато како „El Firal“ во градот Олот, главен град на регионот Ла Гароча, северно од Гирона, Шпанија.
Шеталиштата „Ел Фирал“ и „Ел Фиралет“, лоцирани во центарот на градот, ги сочинуваат најважните пошумени јавни простори, како и социјалниот пулсирачки центар на неговите граѓани, каде што се одржува неделниот пазар, локалните фестивали, каде се лоцирани главните градски институции, како што се Градското собрание и Главниот театар или каде што можете да најдете важни градби како Casa Solà-Morales или Casa Gaietà Vila.
Проектот на горенаведенитее студија предлага акцентирање на градската меморија на урбаните зелени коридори „ел Фирал“ и „ел Фиралет“ и издвојување на нивниот идентитетот, истовремено поттикнувајќи ја нивната поврзаноста со остатокот од градот.
Поради високата хетерогеност на предметниот опфат, а како резултат на различните импровизирани решенија во минатото видно се намали неговата способност да се приспособи на различните функции кои секојдневно му се наметнуваат. Па затоа, Проектот ја ревитализира оваа област преку пешачење и интервенирање на тротоарот, урбаната опрема, објектите, осветлувањето, вегетацијата за да се прилагоди на новите барања на граѓаните.
Особено релевантна е просторната реконфигурација. Благодарение на новата просторна интервенција, денивелацијата на теренот е зачувана и воедно се добива нов плоштад кој ги обединува двете шеталишта и помага во решавањето на амбициозната функционална програма наметната од Градскиот совет.
Од друга страна, како централна точка на интервенцијата, се оди кон елиминирање на сообраќајот на шеталиштето, за да се ограничи нивниот број на строго утврден минимум и да се воспостави стратегија за насочување на истиот кон соседните улици што овозможуваат оваа област на Градот да прерасне во мирна пешачка зона.
Овој нов централен простор помеѓу Firal и Firalet, благодарение на неговата отворена природа овозможува диверзитет на намените, разрешувајќи ја топографската нерамномерност преку елиминирање на архитектонските бариери и имплементирање на мултифункционални простори за сеопфатните потреби на заедницата