Францускиот архитект Стефан Малка проектирал и изградил една необична структура во Холандија наречена „Bow House“, која е изградена исклучиво од прозорци и врати. Малата рециклирана зграда е сместена на јавниот плоштад во градот Херлен, и таа е отворена за сите заинтересирани. Овој фасцинантен пример на паразитска архитектура е прицврстен за класичен ѕид од цигли. Инаку, овој архитект е познат по смелите инсталации и паразитската архитектура – во минатото предлагал станбен комплекс кој би бил прицврстен за познатата „Arche de la Défense“ во Париз. „Bow House“ се заснова на флексибилен систем и може да биде монтирана на кој било јавен простор со празен ѕид.