Насловна / Вести / Урбана градина во Шангај од отпад

Урбана градина во Шангај од отпад

Улицата Anfu Road во Шангај е убав и интересен пример кој покажува како отпадот може да се искористи за уредување на драгоцени јавни површини во градовите.

7

Urban Bloom се наоѓа во мирен двор, опкружен со популарни ресторани и продавници. AIM Architecture и URBAN MATTERS дизајнирале експериментален привремен урбан парк, комбинирајќи дрвени палети со проѕирни скулптури кои потестуваат на дрвја.

8

Палетите се искористени како модули, распоредени во просторот на начин за на нив да може да се седи, обликувајќи го целиот простор како пријатно место за одмор и дружење. „Просторот е претворен во урбана градина, потполно изграден од вештачки материјали. Овој урбан проект им дава важност на жителите на градот“, велат дизајнерите.

6

Брановидно поставените палети на едната страна на дворот наликуваат на ридеста топографија, а низ целиот простор разместени се растенија во саксии за да придонесат на градинарската естетика. Скулптурите се всушност пластични топки исполнети со лисја и претставуваат дрвја. Преработените материјали се користени по желба на дизајнерите со цел промоција на одржлив развој.

3

„Градовите се најголеми производители на отпад“, истакнуваат авторите. „Сакавме овој простор да има што помало влијание на околината, а природните и вештачки елементи меѓусебно да се надополнуваат. Накратко, сакавме да докажеме дека од отпад може да се изработи нешто ново и убаво“.

1

Испрати коментар

Scroll To Top