Насловна / Вести / Урбана фарма на покрив од болница(ВИДЕО)

Урбана фарма на покрив од болница(ВИДЕО)

Медицинскиот центар во Бостон формираше урбана фарма на својот покрив за да почне со одгледување свеж зеленчук за потребите на своите пациенти и локалната заедница.

Фармата во болницата во Бостон произведува над 2.700 килограми зеленчук секоја година, од кои повеќе од половина се дистрибуираат на пациентите кои се со несигурни и ниски приходи. Остатокот од зеленчукот што се одгледува се користи во болнички ресторани, за подготовка на храна за пациентите и за курсеви за готвење и производство на храна.

boston

Медицинскиот центар во Бостон е една од „најзелените“ медицински установи во САД што одгледува храна на своите покриви. Урбаната фарма на оваа болница во Бостон е прва фарма на покривот во американската сојузна држава Масачусетс и е исто така најголемата фарма на покрив во нејзиниот главен град. Зафаќа површина од 250 квадратни метри и органски одгледува 25 различни зеленчукови градини во сандаци од млеко кои се полни со земја.

„Храната е лек. Затоа ја одгледуваме на покрив“, вели Дејвид Мафео од администрацијата на болницата. „Урбаните фарми сè уште се ретки и тешко е да се добие локално одгледувана храна во градовите. Ние одгледуваме зеленчук на покривот затоа што сме убедени дека тоа им го должиме на нашите пациенти и на локалната заедница“, додава тој.

Линдзи Ален од почетокот управува со оваа зелена оаза на покривот на болницата и вели дека производите на оваа фарма се користат како во превенцијата, така и во третманот на пациентите. Ален верува дека дури 72 проценти од болничките пациенти се хранат нездраво и немаат пристап до здрава, локално одгледувана органска храна.

 

Испрати коментар

Scroll To Top