Без разлика колку природата и животната средина се земени предвид во урбаните средини и луѓето се обидуваат да живеат во синергија со тоа, секогаш може да се направи повеќе во насока на развој и подобрување на јавните простори за да бидат поздрави и еколошки. Ротердам, како најголемо европско пристаниште, е исто така познат по својата архитектура. Високи згради и модерен дизајн се секако она што го карактеризира овој град и не е доволно да се каже дека му недостасуваат зелени оази. Во врска со ова, дојдено е до идеја една од недоволно искористените локации во пристаништето да се претвори во урбан зелен простор со неколку паркови.
Проектот за паркот Нелсон Мандела е дизајниран да му даде „нов живот“ на округот Јужен Маашевен во Ротердам. Во овој квартал е и историското пристаниште познато по своите житни култури. Паркот ќе биде продолжение на насипот за заштита од поплави на источната страна и ќе се спои со него, додека исто така ќе се усогласи со новото шеталиште по насипот до блискиот трговски булевар.
Зад овој проект стојат SWA / Balsley.
Овој парк треба да го поврзе населението затоа што во градот има населби поделени според социо-економските статуси. Според тоа, урбанистите бараат начин да ја подобрат социјалната кохезија и да ја намалат сегрегацијата. Градските власти се надеваат дека паркот ќе го поттикне идниот развој на оваа населба, бидејќи ќе биде поврзан со шеталиште, но и со јавен превоз и по воден пат со други делови од градот.
Поширокиот потфат во кој се наоѓа овој проект треба да ја комбинира историјата на градот и идниот развој со прифаќање на поморската култура во Ротердам. Проектот зафаќа површина од седум хектари во кој ќе има мочуришта, крајбрежна област, шуми и тревници за игра и релаксација.
Паркот ќе нуди поглед на пристаништето и историскиот објект Маасило, некогаш високо продуктивна фабрика за преработка на жито. Најстариот дел од армирано -бетонскиот силос е изграден во 1911 година, кога имало 128 силоси со вкупен капацитет од 20 илјади тони жито. Сега овој простор се користи за настани каде што се собираат претежно креативни луѓе.