Насловна / Архитектура / „Урбан патерн“ од архитектонското студио Klab Architecture

„Урбан патерн“ од архитектонското студио Klab Architecture

Урбан Патерн (8)
Објектот именуван како „Урбан патерн“ или повеќе познат како типичен грчки резиденцијален блок, наречен “polykatoikia”, се наоѓа во центарот на Атина, во непосредна близина на новиот музеј на Акропол, проектиран од архитектот Bernard Tschumi и старата фабрика за пиво “Fix”, проектирана од Zenetos, еминентен и влијателен грчки архитект на минатиот век. Реинтерпретирајќи ги елементите на традиционалната типологија на домување и на двата значајни објекти во непосредното опкружување, „Урбан Патерн“ креира нов тип на современа фасадна обработка, која соодветствува со урбаните и социјални услови на денешното општество.
Урбан Патерн (2)

Целокупниот концепт подлежи на флексибилност, располагајќи со солуции за задоволување на различни финансиски можности и потреби, не занемарувајќи го периодот кога Атинските “polykatoikia” биле предмет на занимлив експеримент за мешање на општествени класи, функции, организирајќи ги хиерархиски по катови.
Урбан Патерн (6) Урбан Патерн (7) Урбан Патерн (4) Урбан Патерн (1)

Апартманите се конципирани во зависност од нивната големина, позиција, просторна организација, пресек и расположливите визури кон Акропол, обрнувајќи особено внимание на приватноста, земајќи го предвид густо изграденото урбано опкружување. Применувајќи линеарност која креира непосредна релација со објектот на Zenetos и балконите на соседниот објект, фасадното обликување е дизајнирано со перфорација на линеарни отвори на различни висини, позиционирани да откриваат или затскриваат различни сегменти од урбаната сцена.
Урбан Патерн (5) Урбан Патерн (3)

Испрати коментар

Scroll To Top