Насловна / Вести / Упсала има најчист воздух од градовите во Европа

Упсала има најчист воздух од градовите во Европа

Европската агенција за животна средина (EEA) објавила ажуриран преглед на квалитетот на воздухот во европските градови, кој покажува дека Упсала и Умео во Шведска, како и Фаро во Португалија, имаат најчист воздух. Прегледот на квалитетот на воздухот во европските градови рангира 375 градови – од најчисти до најзагадени, врз база на просечните нивоа на PM 2,5, бидејќи тој полутант има најголемо негативно влијание врз здравјето. Податоците се собрани од над 500 мониторинг станици на урбани локации ширум земјите членки на EEA во последните две години (2022 и 2023).

Документот покажува дека само 13 европски градови имале просечни концентрации на ситни честички кои биле под дозволените нивоа кои ги препорачува Светската здравствена организација. Во овие градови, освен претходно споменатите влегуваат и Рејкјавик, Талин, Стокхолм и Хелсинки.

 

Испрати коментар

Scroll To Top