Насловна / Вести / Управувањето на квалитетот на воздухот ќе се подобрува со 1,1 милион евра од ЕУ

Управувањето на квалитетот на воздухот ќе се подобрува со 1,1 милион евра од ЕУ

Tvining proekt za pocist vozduh 090915

Со 1,1 милион евра од ЕУ ќе се подобрува управувањето со квалитетот на воздухот во Македонија. Твининг проектот стартуваше денеска, а го имплементира Министерството за животна средина и Институтот за јавно здравје. Досега во Македонија се спроведени два проекта од ЕУ за поддршка на подобрувањето на квалитетот на воздухот, а евроамбасадорот Аиво Орав порача дека треба уште да се работи.

– Овде живеам 3,5 години и честопати го гледам загадувањето. Луѓето кои живеат во центарот не гледаат, но јас живеам на Водно и секој ден гледам како изгледа градот кога се симнувам долу. Ние во ЕУ делегацијата доставуваме наши гледишта и секој забележува колку е високо загадувањето на воздухот, рече Орав на денешното означување на почетокот на Проектот.

tvining proekt za pocist vozduh 1
Орав ги повика државните служби да останат одлучни при имплементација на потребните реформи и примена на постоечкото законодавство.

– Доволно компетентни човечки, но и финансиски ресурси треба да се вклучат за да се подобри ситуацијата на оваа територија. Дополнително напорите на државно, регионално и локално ниво треба да се здружат за да се овозможи чист воздух за нас и за идните генерации, истакна евроамбасадорот, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува Министерството за животна средина и просторно планирање за да се справи со предизвиците на полето на заштита на животната средина како дел од процесот за интеграција во ЕУ.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири истакна дека Македонија успешно ја има подготвено законската легислатива во областа на воздухот во која се транспонирани директивите на ЕУ.

tvining proekt za pocist vozduh 2

Минисерот Незири рече дека ќе биде направена ревизија на националниот плански документ, се планира изработка на локални планови во кои ќе се пропишат краткорочни и долгорочни мерки за заштита и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Со цел изработка на план за подобрување на квалитетот на воздухот за Град Скопје и Тетово во рамки на проектот ќе се спроведе кампања за дополнителни мерења за составот на ПМ 10 честички кои ќе се искористат за утврдување на изворите на загадувачите.

Главни партнери во спроведување на проектот од ЕУ се Финскиот метеоролошки институт и Агенцијата за животна средина на Австрија.

Светозар Јаневски, почесен конзул на Финска, во име на Финската амбасада посочи дека очекува успех на проектот бидејќи Македонија има искуство на овој план. Тој додаде дека има развиено еколошки програми во повеќе земји и дека голем број проекти се спроведени во Македонија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top