Насловна / Вести / Употреба на дронови за транспорт, наместо камиони?

Употреба на дронови за транспорт, наместо камиони?

Според некои истражувачи, употребата на дроновите наместо камиони, би можела драстично да ја намали емисијата на стакленички гасови. Ова сознание отвора простор за големите компании како Google и Amazon да ја зголемат употребата на дронови при доставувањето на производите.

Имено, научниците од Lawrence Livermore National Laboratory во Калифорнија, три години ги проучувале разликите во влијанието врз животната средина помеѓу еден тип на дрон и камиони кои користат дизел горива. Во истражувањето кое е објавено во списанието Nature Communications, се заклучува дека во радиус од  4km,  дроновите кои работат на батерија, трошат многу помалку енергија по нарачка, отколку камионите за достава. Резултатите покажуваат дека дроновите може да испорачаат одредени предмети многу побрзо и со помалку последици по околината, отколку камионите за превоз кои се одговорни за 1/5 од глобалните емисии на стакленички гасови.

drones 4

Но, се разбира во ваквиот начин на транспорт постојат и одредени ограничувања, како на пример габаритот и тежината на пратките. Во компанијата Amazon одлучиле сите пратки до  2.5 kg,  што претставува поголем дел од нивните испораки, да бидат транспортирани со дронови. Во декември 2016, од компанијата соопштија дека ја извршиле својата прва достава со дрон за свој потрошувач во Велика Британија за само 13 минути.

drones 3

Од друга страна пак, постојат многу аспекти од областа на безбедноста кои мора да бидат исполнети. Едно од прашањата е постоечката регулатива од областа на безбедност на воздушниот сообраќај. Малку е веројатно дека дури и една моќна компанија како што е Amazon, која може многу да вложи во лобирање за измена на регулативата во своја полза, ќе биде во состојба да направи посериозни промени.

drones 2

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top