Првото место на архитектонскиот конкурс за Madrid-Chamartín Clara Campoamor, го освои UNStudio заедно со b720 Arquitectura и инженерската компанија Esteyco. Веста е објавена од страна на Adif Alta Velocidad (AV), спонзор на натпреварувањето, и истакнал дека победничкиот проект ги надминал конкурентите меѓу кои биле BIG, Foster + Partners, OMA, Zaha Hadid Architects, Grimshaw, RSHP и Souto de Moura.
Победничкото решение нуди трансформација на овој дел од градот и ќе придонесе за создавање на нови зелени површини во Мадрид. Од UNStudio посебно ја нагласуваат важноста на соработката со локалните партнери која довела до големиот успех на проектот. Целта на конкурсот била пронаоѓање на најдобро решение за обнова на железничкиот јазол Madrid-Chamartín Clara Campoamor, со цел тој да стане синони на одржливост, поврзаност и интегрирана мобилност. Натпреварот е започнат во 2020 година, а жирито составено од 16 членови, едногласно го избрал победникот. Така, проектот добил максимален број на бодови и пофален е за функционалноста, изводливоста, пристапноста, интеграцијата во околината и еколошката одржливост.
Тимот одлучил да не ја менува целата структура, туку да ги задржи оригиналните сводови на покривите како посебен елемент на минатото и иднината. Погледот на околината е нагласен со помош на степенести тераси, со што зградата е претопена со околните паркови.