Насловна / Вести / Универзумот е холограм!

Универзумот е холограм!

Речиси сè што гледаме во универзумот, па и самиот универзум, би можело да биде холограм, тврди група научници.

Научници од Италија, Канада и Велика Британија до овој заклучок дошле проучувајќи ги космичките микробранови заднини, односно „дополнителниот сјај“ или „потписот“ на радијацијата што е емитувана набрзо по Големата експлозија.

За време на истражувањето, научниците испитале големи количини податоци кои ги собирале од напредните телескопи и најчувствителната опрема за да ја проучуваат „белата бучава“ на космичките микробранови заднини во потрага по аномалии.Universe-is-a-hologram

Своите сознанија ги објавија во списанието Physical Review Letters.

Еден од авторите на студијата, професорот Костас Скендерис од Универзитетот во Саутемптон, го спореди ова откритие со гледање на 3Д филм. Публиката има чувство дека предметите и сè она што го гледаат има висина, тежина и длабочина, но сето тоа всушност е илузија. Доколку нивното откритие е точно, на сличен начин го доживуваме универзумот и сè во него.

Теоријата дека универзумот е холограм првпат е објавена во 90-тите години на минатиот век. Таа сугерира дека сè што ни се чини дека е тридимензионално, од атомите до ѕвездите, всушност е поставено на 2Д план.

Исто така, според оваа теорија, гравитацијата потекнува од тенките вибрирачки струни.

Испрати коментар

Scroll To Top