Насловна / Архитектура / Универзитетскиот кампус Дај Патил отворен во Нов Мумбај

Универзитетскиот кампус Дај Патил отворен во Нов Мумбај

Архитектонското студио Foster + Partners во 2009 година беше избран да го испорача проектот за  Центарот за изклучителност на Универзитетот DY Patil за да прими 3.000 студенти, вклучувајќи ги правниот и економскиот факултет. По четиринаесет години, овој голем комплекс лоциран во Нов Мумбај, област во заливот Мумбај, е завршен.

3-copy-0 4-copy-0 5-copy-0 2-copy-0

Десеткатницата е дизајнирана да ги опслужи наставните методи и етосот на универзитетот, обезбедувајќи висококвалитетни простори за учење и работа. Проектот, исто така, вклучува кровна градина од два хектари со природни растенија, езерца и области за релаксација. Новата зграда има постигнато LEED Платинум рејтинг.

Foster + Partners методично пристапи кон обезбедување ред и јасност во проектот а да одговараат на широк опсег на функции. Основниот дизајн е мултиплициран модел, наменет за образовни оддели, конференциски сали, аудиториуми, библиотека и приватни простори за учење. Како што се развива шемата, така првично имплемемнтираната флексибилност овозможи да се направат измени, бидејќи паралелно се развиваше и образовната програма.

Градината е имплементирана да го одразува менувањето на годишните времиња и вклучува урбана опрема што е произведена од страна на универзитетскиот тим за индустриски дизајн.

7-copy-0

Комплексот е всушност резултат на обидите за минимизирање влијанието врз животната средина поврзано со употребата на обновливи извори на енергија. Зградата е природно проветрена преку прозорци контролирани од корисникот и е целосно климатизирана во најжешките месеци од годината. Проветрувањето со помош на ветерни кули ги лади клучните простори, вклучувајќи ги аудиториумот и областите на теренот. Широката употреба на засенчување ја минимизира енергијата што се користи при механичкото ладење, а фасадното обликување дозволува природна светлина додека го контролира отсјајот.

9-copy-0 8-copy-0 10-copy-0

Д-р Патил ја собра својата екипа за да работи на проектот, заедно со неколку локални занаетчии. Повеќе од една деценија, тимот ги рафинира производствените и градежните техники со симулирање на градежни компоненти на и во близина на локацијата. Овој итерактивен и експериментален процес му овозможи на тимот инженери постојано да ги усовршува своите идеи за време на изградбата преку континуирано прототипирање. Како резултат на тоа, дизајнот на зградата и неговите компоненти се развивале и се менувале во текот на неколку години, што резултираше со значително подобрено решение за разлика од првично предложеното.

„Работата со д-р Патил, неговиот тим и локалните занаетчии во Нави Мумбаи беше уникатно и инспиративно искуство. Вистински колаборативен процес на дизајнирање и изградба произведе зграда што го отелотворува духот на универзитетот“.

Крис Баб, постар партнер во Foster + Partners.

„Сите кои поминале време во Центарот се воодушевени од целокупниот дизајн, кој на студентите значително ќе им овозможи исклучително и збогатувачко искуство за учење нагласи д-р Виџеј Патил, универзитетски канцелар, од Универзитетот DY Patil.

Програмските елементи на Факултетот за бизнис се групирани околу заеднички покриени дворови, кои се високи четири ката и внимателно ориентирани да ја оптимизираат природната светлина и просторот на триаголната локација. Големата влезна партија е висока четири ката, со стаклен покрив што фрла разнобојни сенки на фасадата на зградата. Отворен простор за прием, изложбен простор, кафетерија и неформален работен простор ги поттикнуваат социјалните интеракции меѓу учениците.

Во срцето на зградата, четири големи аудиториуми се распоредени околу главниот амфитеатар за церемонии за дипломирање, перформанси и спортски настани. Аудиториумите се флексибилно интегрирани да се отвораат или затвораат, во зависност од обемот на настанот. Библиотеката интерпретира размена на идеи и знаења на сите четири ката од зградата. Низата чекори, балкони и скали создава спектакуларна внатрешна средина.

На првите четири ката од зградата се сместени академските активности на училиштето, а другите пет нивоа обезбедуваат времено сместување за студентите на факултетот. Постојат четири различни типови на панели за обложување на трпезаријата, библиотеката, конференциските сали и административните простори. Бетон беше истурен околу метакрилат и дрвени форми за да се создадат перфорирани GRC екрани кои ја туркаат светлината подлабоко во фасадата додека го засенуваат предниот дел на зградата.

Спротивно на тоа, горните единици се обложени со лесен лиен и екструдиран алуминиум. Коридорите се природно проветрени и нудат погледи на спектакуларната кровна градина од два акри што се протега по должината на зградата, помеѓу академскиот и станбениот волумен.

„Кровната градина е централна мотив во тезата за здрав живот и учење: уредена оаза за рекреација, неформални собири и учење на отворено што го одразува менувањето на годишните времиња. Воодушевени сме што гледаме студенти, факултет и персонал како уживаат во просторите и ја оживуваат зградата“, изјави тимот на Foster + Partners.

 

Испрати коментар

Scroll To Top