Ogden Centre for Fundamental Physics, сместен на североситокот на Англија, објект при Универзитетот во Дарам е проект на архитектонското биро Studio Libeskind, а проектот за конструкција на компанијата Arup.
Центарот за фуднаментална физика содржи седумдесет и две простории за професори, предавачи, студенти, докторанти, постдокторски истражувачи, придружен персонал и академици.
Во основата на концептот на проектот е нагласувањето на природната светлина и отвореност. Спиралата во основата на Ogden Centre создава две надслагани форми, кои однадвор се преслечени со шкотски ариш, прекинат од прозорци и тераси што ја пресекуваат фасадата.
Програмското барање било низа мали работни простори за истражување. Проектот на Studio Libeskind ги поставил сите канцеларии во прстен долж надворешноста, така што секој простор има прозорец со природна светлина. Вратите за секоја просторија застаклени со матирано стакло, создаваат светлосни и отворени визури низ целата зграда. Пространите кровни тераси создаваат заеднички простори за опуштање и уживање на свеж воздух. Кровни светларници во централниот атриум ја осветлуваат зградата и флексибилните простории за состаноци.
Одржливоста исто така била во основата на проектот, водејќи сметка да се минимизираат влијанијата врз животната средина и намалат тековните трошоци. Проектантите имале за цел и да се обезбеди најсовремена и целосно достапна установа, со робустен материјал и докажан капацитет во иднина во ИТ инфраструктурата, а истовремено структурата овозможува флексибилност во внатрешното планирање. Ogden Centre for Fundamental Physics доби статус BREEAM Excellent standard за одржливост по неговото завршување.
Објектот е добитник на повеќе престижни награди:
2016 – City of Durham Trust Architectural Award
2017 – AIA (American Institute of Architects) NY State Design Award
2017 – Constructing Excellence in the North East: Building Project of the Year
2017 – RIBA North East Regional Award
2017 – BREEAM Excellent rating