Универзитетот Харвард е најбогат на светот, а во минатата фискална година остварил добивка од 34% и го зголемил своето богатство на 53,2 милијарди евра. Универзитетот ја остварил својата добивка преку инвестиции во јавниот и приватниот сектор.
Главниот менаџер за инвестиции и извршен директор на компанијата Harvard Management Company (HMC), изјавил дека одобивката би била поголема доколку универзитетот би презел поголем ризик во некои инвестиции. Богатството на Универзитетот Харвард, оди пака под рака со квалитетот и успешноста на оваа институција во областа на образованието и науката. Овој унивезритет има најголем број на лауреати на Нобеловата награда.