Насловна / Вести / Универзалната сала ќе се вика „Тоше Проески“

Универзалната сала ќе се вика „Тоше Проески“

univerzalan sala tose proeski
Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата на градоначалникот Kоце Трајановски за преименување на „Универзална сала – Скопје“ според трагично загинатата музичка легенда, Тоше Проески. Иницијативата, која значи отпочнување постапка за промена на името, е усвоена едногласно, со гласови од сите советнички групи.

Трајановски својата одлука ја образложил со констатацијата дека Тоше Проески досега е нашата најголема музичка ѕвезда, популарен и во балкански рамки, кој оставил неизбришлива трага на домашната музичка сцена и допрел многу генерации негови почитувачи. Постапката ќе ја отпочне Управниот одбор на јавната установа.

univerzalan sala tose proeski

Стариот објект на Универзална сала, ќе биде урнат поради дотраеност, а на нејзино место ќе се гради објект со двојно поголем капацитет од 2.500 до 3.000 седишта, со мала сала и простории за администрацијата. Идејното решение, според кое ќе се гради салата, беше презентирано пред два месеца од Министерството за култура, и е во форма на јајце. Автори се архитекти од „Стоун дизајн“.

Иако оваа инцијатива се води како да е на градоначалникот Трајановски, Фан групата на Тоше уште од поодамна со истата иницијатива ја поднесе и до градот и бараше средба, но како што велат во сооштението до медиумите никој не ги примил.

Испрати коментар

Scroll To Top