Насловна / Вести / „Унилевер“ во Романија ја претвора старата храна во енергија

„Унилевер“ во Романија ја претвора старата храна во енергија

biopartener
Англо-холандскиот гигант во производство на потрошувачка стока „Унилевер“, постигна спогодба за собирање на прехранбени производи со истечен рок на употреба со групацијата „Џенезис биопартнер“, кои потоа ги претвора во обновлива енергија, во рамки на програмата за одржливост во Романија.

Отпадот, што вклучува сладолед и сенф со истечен рок, ќе биде претворен во обновлива енергија во фабриката во романскиот округ Прахова, пишува романскиот весник „Бизнис ривју“.

Фабриката за производство на биогас е отворена минатото лето, благодарение на инвестицијата на романската холдинг компанија „Џенезис биопартнер“ од пет милиони евра.

Прв клиент на фабриката беше локалниот произведувач на месо „Кристим“.

Испрати коментар

Scroll To Top