Местото за работа во домашни услови, освен функционалност, треба да претставува простор кој ќе се одликува со креативност и комфор. Со користење на разновидни материјали и бои кои ќе се вклопат во останатиот ентериер, современото работно биро треба да обезбеди доволно простор за работа и поставување на сите потребни нешта. Ова се неколку примери на уникатни решенија кои може да послужат како инспирација за организација на работниот простор.