Насловна / Архитектура / Уникатна куќа со фантастичен поглед

Уникатна куќа со фантастичен поглед

На северот на Норвешка, се наоѓа живописниот архипелаг Лофотен, дива и изолирана средина во која реномираната архитектонска фирма Stinessen Arkitektur има проектирано и изградено уникатна куќа за одмор, наречена Ефјорд.

kuka

Сместена на островот Халварој, куќата лежи на природна средина со волшебен поглед на речиси сите страни и од секоја просторија на куќата. Пејзажот на многумина може да им изгледа премногу оддалечен и див, но за сопствениците тоа е една од главните цели и желби.

kuka1

Бурниот живот во големиот град ги натерало сопствениците да посакаат сосема поинакво искуство за да се извлечат од стресното секојдневие и да доживеат целосен мир. Затоа, целиот концепт на куќата се заснова на обезбедување на смирувачко чувство на изолација и закрепнување во природата.

За да го постигнат ова, архитектите протктирале куќа украсена со уникатна форма. Сегментите на куќата „се отвораат“ во спротивни насоки и на тој начин овозможуваат поинаква атмосфера, чувство и изложеност на пејзажот, во зависност од просторијата во која се наоѓа.

kuka2

Исто така, сегментите се ориентирани така да го ограничат погледот на неколкуте куќи кои се во близина, заради поголема приватност и посилна врска со природата.

Користејќи го наклонот на земјиштето, архитектот ја поделил површината од 200 квадратни метри на два нееднакви дела: во поголемата куќа има спални соби и сауна, распоредени на две нивоа, а во помалата куќа, која се наоѓа неколку скалила пониско од приватниот дел куќи има пространа станбена површина.

kuka3

Дизајнирана за семејни собири, дневната соба со трпезарија е простор со отворен план, без сите столбови и прегради кои би можеле да го попречат погледот.

Прозорците со тројно застаклување ја опкружуваат оваа соба со поглед на остри планински врвови кои се едни од најтешките за освојување во цела Норвешка.

kuka5

Социјалниот простор е опремен со модерен мебел кој се карактеризира со комбинација на кожа и крзно: троседот „Tiki“ од Fogia е споен со фотелјите „Husk“ на „B&B Italia“, а подната ламба „Bolia“ придонесува за атмосферата.

Многу области во внатрешноста на куќата се покриени со бреза, што дава интересен контраст со гранитни плочи и камен.

kuka8

Внатрешноста на сауната и бањата, просторија наменета за релаксација на телото и умот, исто така е обложена со дрво, што придонесува за пријатен амбиент.

kuka10

На ист начин е направена и фасадата на куќата, која првенствено се состои од два материјали: стакло и дрво. Заради издржливост, дрвото е обработено со железен сулфат, што му дава прекрасен изглед кој хармонично се вклопува во околината.

kuka6

kuka7

kuka9

kuka11

kuka4

Испрати коментар

Scroll To Top