Необичната зграда во населба во Њујорк е симболично именувана како „The Unhistoric Townhouse“ – Неисториска градска куќа. Петкатната зграда, сепак, зафаќа само една просторија во длабочина, додека во најширокиот дел е свртена кон улицата.
За време на реновирањето на поранешната индустриска зграда, архитектите ја прифатиле нејзината врска со урбаното опкружување како главна тема на проектот. Така е создадена фасадата, која го следи ритамот на околните згради, но истовремено обезбедува штит и прибежиште за семејството од надворешниот свет.
Иновативната фасада е изградена од тула со стандардни димензии. Косините се успешно изработени благодарение на дигиталната технологија, со чија помош е направен образец од цврста пена во природна големина, што sидарите можеле да го користат како основа за ѕидање. Пената е составен дел од фасадата, служејќи како изолационен материјал во ѕидовите.
Сложената геометрија на фасадата се рефлектира и во внатрешноста, па минувачите можат да погодат како изгледа просторот ограничен со уникатни sидови.
Фасадата е дизајнирана да внесе што повеќе природна светлина од исток и запад во станот, кој е ориентиран кон север. Благодарение на прозорците кои не се директно насочени кон соседните згради, фасадата им овозможува и поголема приватност на станарите.
Нудејќи простор за седење, полици, па дури и камин, фасадата станува нераскинлив дел од ентериерот.
Четирите балкони нудат дополнителен корисен простор на станарите, додека нивните перфорирани огради претставуваат еден од највпечатливите елементи на надворешноста.