Насловна / Градежништво / Уникатен систем за ладење и греење на Спортскиот центар „Јане Сандански“

Уникатен систем за ладење и греење на Спортскиот центар „Јане Сандански“

Model
Новиот спортски центар „Јане Сандански“, лоциран во Скопје во општина Аеродром на местото на некогашната сала МЗТ, кој е во изградба, е специфичен и единствен по повеќе нешта. Овој современ спортски комплекс се состои од повеќе целини: голема сала предвидена за околу 5.300 гледачи; мала сала предвидена за околу 800 гледачи; хотел со 63 соби и ресторан; продавници; велнес центар, модерен аеробик и фитнес центар; како и обезбеден паркинг простор за 500 возила.

Овде ќе се задржиме, пред сè, на концептот за греење и ладење на спортскиот центар, што е единствен од ваков тип и обем во Југоисточна Европа. Навистина е за потенцирање концептот за греење и ладење, пред сè изворот на топлинска и ладилна енергија, како од гледна точка на оние што ќе стопанисуваат со комплексот заради огромните заштеди кои ги нуди овој систем, така и од аспект на вложување во енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија, а со тоа и грижа кон човековата околина.

Тимот проектанти од „Радо инженеринг“, кои се дел од екипата заслужни за овој грандиозен проект во целост, заедно со колегите од „Паксон“, се погрижија овој проект да биде уникатен и водечки во регионот и пошироко во однос на начинот на кој тој ќе се климатизира со високоенергетски ефикасен систем, но и со паметно користење на енергијата во текот на денот.
Model
Имено, како извор на топлинска, односно ладилна енергија, ќе се користи подземна вода од неколку бунари, која со помош на геотермални топлински пумпи со висока ефикасност ќе се трансформира во топлинска/ладилна енергија потребна за греење или ладење на објектот. Од друга страна, потребната топлинска односно ладилна енергија за едно деноноќие на комплексот, ќе биде складирана во дневните резервоари или акумулатори на топлинска, односно ладилна енергија. Суштината на овој концепт е во функционирање на геотермалните топлински пумпи во ноќен режим на евтина тарифа на електрична енергија. Акумулаторите на топлина се дневни резервоари на топлинска/ладилна енергија, и тие заедно со вкупниот капацитет на топлинските пумпи се димензионирани така што во текот на осумте часа евтина тарифа ноќе, произведуваат онолку топлина или студ колку што изнесуваат дневните потреби на објектот. Геотермалните топлински пумпи се сами по себе високоефикасни уреди со коефициент на искористување меѓу 3,5 и 4,5 во зависност од работните услови, но користењето е во најголем дел или исклучиво на евтина тарифа на електрична енергија, и избегнувајќи го максиграфот многукратно ги намалува експлоатационите трошоци за објектот. А познато е дека трошоците за греење на еден објект се сигурно највисоката ставка во неговите вкупни месечни трошоци, а доколку се користи некој конвенционален систем за греење како што е климатизацијата во дневните часови за време на летниот период, тоа е најголемата ставка во сметките за електрична енергија на еден објект.

Од друга страна, заради различна намена на објектите, односно различните целини во склоп на спортскиот комплекс и различните режими и време на користење, предвидени се вкупно пет дневни резервоари на енергија и пет засебни машински сали… (прочитајте повеќе во број 219)

Марија Петрушевска, дипл.маш.инж.

Испрати коментар

Scroll To Top