Рафинираниот и луксузен дизајн на италијански стил, неодамна беше претставен на водечкиот саем за ентериери Maison et Objet во Париз, каде што луксузниот бренд за мебел Fendi Casa ја претстави својата нова колекција за оваа година. Колекцијата изобилува со богати нијанси од кралско сина до елегантна црна, и со по некои детали во силно топли бои.
Луксузниот мебел е направен од високо квалитетни материјали, па во колекцијата се испреплетени текстури од најфино кадифе, сатен и козја кожа. Ногарките, основата и рамките доаѓаат во бронзени или хромирани завршници, а елегантните рамки ја нагласуваат убавината на кожата и ткаенината.
Во рамките на дизајнерската куќа Fendi, францускиот архитект Тиери Лемер поединечни парчиња од мебелот ги збогатил со својот беспрекорен мајсторски стил, а најдобар пример за тоа е полукружната софа Artù.
Дизајнерот дал и своја интерпретација за помошна маса, која се карактеризира со мазни но јасни линии, а дизајнирал и минималистичка софа Camelot.
Во креирањето на новата колекција учествувал и архитектот Tоан Нгуен, кој внел нишка на вистинска современост. Јасната геометрија и прецизните линии на библиотеката Serengheti, секој љубител на минимализмот би можеле да го наведат на сериозни трошоци.