Дизајнерот на ентериери Nelly Prodan го дизајнираше овој стан во Киев на млад дечко кој сака да патува. При самиот влез во станот, младиот дух на сопственикот се рефлектира преку големиот број уникатни уметнички слики над каучот за седење и полицата каде што се поставени голем број книги поврзани со патувањата. Интересното осветлување преку мали рефлектори и ѕидот изработен од тула му даваат дополителен шарм на малиот апартман.