Полскиот дизајнер Szymon Hanczar предизвикан од вкупната површина од само 13 метри квадратни во станот во кој тој живее, создаде едно уникатно и креативно решение кое се базира на минималистичко решение. Ова компактно решение содржи спална соба, тоалет, кујна, дневен простор и простор за складирање. Доволната висина на просторот му овозможува просторот за спиење да го смести над кујната, додека останатиот дел тој го користи како дневен престој, истовремено овозможувајќи доволно количество на дневна светлина во внатрешноста.