Насловна / Арт и дизајн / Уникатен дизајн на ламба изработена од мраз

Уникатен дизајн на ламба изработена од мраз

Шведските дизајнери Siri Bahlenberg и Sofia Bergfeldt дизајнираа ламба која е изработена од мраз. При употребата на ламбата мразот полека се топи, а потоа таа може да се замрзне и повторно да се користи. Под ламбата е поставена модла каде што се собира водата што се топи, за потоа ламбата повторно да се замрзне во првичниот облик. Потребни се 10 часа за ламбата да се растопи и 10 часа за повторно да се замрзне.

ламба-1

ламба-2

Блокот од мраз во неправилна форма се осветлува со комбинација на ЛЕД светилка и оптички влакна. ЛЕД сијалицата се наоѓа над мразот, а светлината се емитува преку масата од оптички влакна. Со тоа комбинацијата на вода со струја, којашто е многу опасна, сега станува безбедна за користење. Светлината се разлева преку замрзнатата вода, најпрво давајќи затемнета светлина, а со топење на мразот светлината станува сè појасна.

ламба-3

 

https://www.youtube.com/watch?v=n_qO2abLr3I

Испрати коментар

Scroll To Top