Насловна / Вести / Унгарија започнува со изградба на нуклеарната електрана Paks II

Унгарија започнува со изградба на нуклеарната електрана Paks II

Руската државна компанија за нуклеарна енергетика „Росатом, доби одобрение од Управта за атомска енергија на Унгарија (OAH) за изградба на два блока во нуклеарната електрана Paks II. После повеќегодишно чекање одобрена е лиценцата за постројката која ќе има инсталиран капацитет од 2,4GW. Електраната ќе ја изгради „Росатом“ по принципот „клуч на рака“, во склоп на меѓудржавната спогодба на двете земји. OAH веќе издала градежни дозволи за зградата на реакторот на блок 5 и за уште шест згради на т.н „нуклеарен остров“. Барањето за овие дозволи е предадено пред две години со документација од над 400.000 страници. Новата нуклеарна електрана се гради во склоп на проширувањето на постоечката нуклеарна електрана Paks, која се наоѓа на околу 100 километри југозападно од Будимпешта. Таа е во сопственост на државната енергетска компанија MVM, како што ќе биде случај и со новата постројка Paks II.

paks1

Според меѓународната спогодба од 2014 година, Руската Федерација на Унгарија ќе и обезбеди државен кредит од 10 милијарди евра за финансирање на 80% од проектот Paks II. Рокот на отплата на кредитот е 21 година, а преостанатите 10% во инвестицијата ќе ги финансира владата на Унгарија.  Ова е прв пат, еден нуклеарен блок со ваков вид на реактор да добие градежна дозвола во земја од Европската унија. Paks II ќе има два реактори VVER-1200 (руски дизајн), со капацитет од по 1.200MW. Блоковите ќе имаат гарантиран век ан траење од 60 години. Главен изведувач е „Росатом“, а во моментот на градилиштето се изведуваат подготвителните градежни работи.

paks2

paks4

На плановите за изградба на новата постројка се спротиставија организациите за заштита на животната средина. Меѓутоа, во 2016 година одобрена е процената за влијание врз животната средина за Paks II. Веќе во март 2017 година добиена е согласноста од Европската унија. Постоечката нуклеарна електрана Paks е засега единствената нуклеарна електрана во земјата. Користи четири единици од типот VVER-440, од по 500 MW. Овие четири реактори произведуваат повеќе од половина од електричната енергија во Унгарија. Портфолиото на руската компанија „Росатом“ за странски нарачки вклучува 34 единици во различни фази ан имплементација во 11 земји.

paks3

Испрати коментар

Scroll To Top