Унгарската влада од средствата добиени од продажбата на дозволи за емисии на јаглерод диоксид во 2015 година, ќе идвои 22 милиони евра за изградба на инфраструктура за електрични возила. Владата прво ќе почне да набавува електрични возила за своите потреби, а во следните месеци ќе се изградат 150 станици за полнење на возилата. Надлежното министерство ќе ги проследи законските измени за даночните олеснувања за електричните возила, на гласање во парламентот. Во моментот во Унгарија во употреба се 58 станици за полнење на електрични возила.