Унгарската нафтена и гасна компанија MOL соопшти дека на локацијата „Зала“ која се наоѓа околу 200 километри југозападно од Будимпешта, завршена е изградбата на фабриката за производство на битумен модифициран со гумен гранулат. Станува збор з аинвестиција од 10 милиони евра. Освен што ќе рециклира 8-10% од отпадните автомобилски гуми во Унгарија, новата фабрика носи и 100 нови работни места. Новата фабрика може да произведе околу 96 тони битумен модифициран со гумен гранулат дневно, што е 20.000 тони сиров материјал годишно за изградба на улици, односно околу 200 километри. Во 2012 година, MOL ја отвори и успешно ја пушти во работа пилот постројката за производство на битумен со модифициран гумен грнулат. Како одговор на зголемената побарувачка, MOL во пролетта 2019 година, започнал изградба на нова фабрика која е завршена за нешто повеќе од една година. „Капацитетот од 96 тони дневно е доволен за задоволување на побарувачката за битумен за изведување на работи од поголем обем во нискоградбата. Таа количина пружа и можност за искористување на нови деловни прилики во околните земји. Со оглед дека хемиски стабилизираниот битумен модифициран со гумен гранулат, e патент на компанијата MOL, продажбата на лиценцата би можела да биде додатна прилика за неговото користење, а новата фабрика служи како одличен пример. Во последните осум години во Унгарија на овој начин се изградени или реконструирани околу 150 километри патишта, а сега оваа бројка може да се зголеми поради новите производствени капацитети. Производството од 20.000 тони покрива околу 10-15% од домашната побарувачка за битумен“ изјавил Tibor Zsinkó, претседател на Downstream во MOL Унгарија.
Во MOL истакнуваат дека се создадени сите потребни услови со цел поширока имплементација на концептот. „Се надеваме дека ова долгорочно ќе резултира во значително подобрување на условите на патиштата, бидејќи овој материјал ги намалува шансите за создавање на дупки, и има поголема носивост. Градежните компании можат тоа да го искористат за постигнување на значително пониски нивоа на бучава во сообраќајот, што е особено важно во резиденцијалните подрачја“, соопштуваат од MOL. Инаку, компанијата MOL обезбедила 75% од средствата потребни за оваа инвестиција, а останатите се финансирани преку програма за поддршка на унгарската влада.