Насловна / Вести / Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција во Будимпешта ќе се договараат за „Турски тек“

Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција во Будимпешта ќе се договараат за „Турски тек“

turski tek

Министрите за надворешни работи на Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција утре на средба во Будимпешта ќе разгледуваат перспективи за учество во проектот „Турски тек“.
Како што е најавено, ќе бидат разменети мислења меѓу петте држави за тоа дали се подготвени да се реализира проектот за нов гасовод „Турски тек“, односно нова траса за снабдување на регионот со природен гас, како алтернатива на „Јужен тек“.
„Турски тек“ е проект на руски „Гаспром“ за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница.
Русија во декември лани соопшти дека се откажува од проектот „Јужен тек“ поради „неконструктивна позиција на Европската Унија“ и беше одлучено да се гради „Турски тек“.

Испрати коментар

Scroll To Top