Насловна / Вести / Унгарија ја отвора вратата за Јужен поток!

Унгарија ја отвора вратата за Јужен поток!

southern-corridor-map-ru

Унгарскиот парламент изгласа закон кој ќе овозможи изградба на гасоводот Јужен поток, што е последен знак за отпорот на премиерот Виктор Орбан кон ЕУ, пишува агенцијата Блумберг.

Унгарските законодавци изгласаа амандман на законот што им овозможува на компаниите изградба на гасоводот, дури и да немаат лиценци за управување со него, пренесува Блумберг.

„Tоа е направено како еден вид поттик за Јужниот поток и да ѝ се покаже на Русија дека Унгарија кон тој проект се однесува сериозно“, изјави експертот за регулатива во областа на енергетиката Атила Холода. Јужен поток е од големо значење за Унгарија, бидејќи на тој начин ќе си обезбеди поголема сигурност за гас, рече шефот на кабинетот на Орбан, Јанош Лазар.

Унгарија сака да почне да го гради гасоводот за шест месеци, изјави претседателот на државната компанија МВМ, Чаба Баји, која формираше заедничка компанија со „Гаспром“ со цел да се изгради гасовод. Новоформираната компанија нема лиценца за управување со гасоводот.

ЕУ ги блокираше работите на гасоводот и воведе економски санкции против Русија заради нејзиниот став околу Украина, а Брисел и Вашингтон во јуни извршија притисок врз Бугарија да ги сопре работите на Јужен поток.

 

Испрати коментар

Scroll To Top