Насловна / Вести / Унгарија и Словенија се поврзаа со првиот заеднички далековод

Унгарија и Словенија се поврзаа со првиот заеднички далековод

Интерконекторот односно далеководот (Cirkovce – Pince) кој ги поврзува Унгарија и Словенија е веќе во функција. Станува збор за последната фаза од унгарско – хрватско – словенечкиот проект за поврзување на 400 kV преносна електроенергетска мрежа, чија реализација започна во средината на деведесетите години од минатиот век. Интерконекцијата Унгарија –  Хрватска е одамна изградена, а новиот интерконектор се надоврзува на дел од оваа инсфраструктура.

интер1

Изградбата на новата интерконекција траела од август 2020 до јуни 2022. Проектот е ставен на листата на проекти од заеднички интерес на ЕУ (PCI). Изградбата чинела 102,5 милиони евра, од кои 48,2 милиони евра се обезбедени од  Connecting Europe Facility – CEF. Проектот ќе им овозможи на Словенија, Унгарија, Италија и околните земји пристап до енергетските пазари на истокот, вклучувајќи и подобрување на сигурноста во снабдувањето.

интер2

 

Испрати коментар

Scroll To Top