Насловна / Вести / УНЕСКО со порака: Охрид до февруари да се справи со дивоградбите

УНЕСКО со порака: Охрид до февруари да се справи со дивоградбите

До февруари 2020 Охрид и Македонија имаат рок да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, реши УНЕСКО на 43. сесија што се одржува во Баку, Азејберџан. Тоа значи дека засега охридскиот регион нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Делегацијата од Македонија, министерот Едмонд Адеми, заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, успеале да ги убедат експертите на УНЕСКО дека веќе била запрена изградбата на дивоградбите и дека до февруари ќе можат да ги спроведат препораките.

Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Ohrid1

Од Невладините организации предупредуваат дека од ноември 2017 до април 2019 година се легализирале 250 дивограби.

Инспекциските служби во Охрид кај 1.076 предмети констатирале нелегална градба, од кои 409 се во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот.

Испрати коментар

Scroll To Top