Насловна / Вести / Унеско: Сириските локалитетите се ограбуваат на големо

Унеско: Сириските локалитетите се ограбуваат на големо

unesco

Археолошките локалитети во Сирија се ограбуваат на „индустриско ниво“, а целиот приход од украдените дела оди за финансирање на естремистите на Исламската држава, предупреди шефицата на Унеско, Ирина Бокова.

Сателитските снимки покажуваат дека археолошките локалитетите во Сирија се мета на илјадници илегални ископувања… тоа е грабеж на индустриско ниво. Ограничувањето на илегалната трговија со културни добра е главен приоритет, бидејќи тоа ги финансиа екстремистите“, изјави Бокова.

„Светот од нас очекува одлучна и бескомпромисна акција за да се сопре изворот на финансирање на екстремистите“, рече Бокова на прес конференција во Софија.

За време на четиригодишната граѓанска војна Исламската држава ја презеде одговорноста над поголемиот дел од земјата,а Асоцијацијата за заштита на сириската археологија наведува дека до денес над 900 споменици и локалитети се ограбени, оштетени или уништени.

Џихадистите разнесоа и неколку познати кули-гробници во Палмира, која се наоѓа на листата на светско наследство на Унеско.

Испрати коментар

Scroll To Top