Насловна / Вести / УНЕСКО: Една третина од ледниците кои се заштитени како светско наследство, ќе изчезнат до 2050 година

УНЕСКО: Една третина од ледниците кои се заштитени како светско наследство, ќе изчезнат до 2050 година

Ледниците во Доломитите во Италија, Националниот парк Yellowstone во САД и на планината Килиманџаро во Танзанија, веројатно ќе исчезнат до 2050 година, објави УНЕСКО. Една третина од сите ледници наведени како подрачја на светско наследство на УНЕСКО, до тогаш ќе изчезнат како резултат на глобалното загревање, се истакнува во извештајот објавен од страна на УНЕСКО и Светската унија за заштита на природата (IUCN). Тие ледници веќе губат 58 милијарди тони мраз секоја година. Постојат околу 18.600 ледници распоредени на 50 различни места ширум светот и кои се впишани како светско наследство. Заедно, тие покриваат околу 66.000 квадратни километри и сочинуваат околу 10% од светската површина на ледници. Од 2000 година, ледниците побрзо се топат поради повисоките емисии на CO2.

glaciers1

Две третини од ледниците на листата на светско наследство, сеуште би можеле да се спасат ако со напорите во борбата против глобалното затоплување се ограничи порастот на температурите на помалку од 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период. Меѓутоа, стручњаците тврдат дека само радикалните мерки и сериозен глобален политички ангажман би моќеле да ги задржат растечките температури под нивото од 1,5 степени. Главната директорка на УНЕСКО, Audrey Azoulay го опишала овој извештај како „повик на скција“ на светот во борбата против климатските промени, а во пресрет на меѓународната конфетренција за климата COP27 во Египет.

glaciers2

 

Испрати коментар

Scroll To Top