Северен тек е името на подморскиот гасовод за транспорт на природен гас од Русија во Европа, кој минува под Балтичкото Море во должина од 1.200 километри. Системот директно ги поврзуваше руските гасни ресурси со европските пазари, заобиколувајќи ги транзитните земји и испорачувајќи гас директно во Германија од Русија.
Во септември 2022 година се случи нешто што го потресе енергетскиот сектор на глобално ниво – гасоводот беше дигнат во воздух. Во серија експлозии беа уништени најмалку 50 метри подводни кабли. Инцидентот не само што предизвика политички превирања и истраги, се уште не до крај разјаснето кој ја спроведе оваа саботажа, туку и го прекина снабдувањето со гас и има значителни еколошки последици.
Неодамнешна студија координирана од Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) откри дека ова е најголемото антропогено истекување на метан во историјата.
Според проценките, истекле до 485.000 тони метан. Протекувањето е речиси пет пати поголемо од претходниот светски рекордер, протекување од складиштето за природен гас во Кањонот Алисо во САД.
Огромното количество метан придонело за глобалното затоплување речиси исто колку и возењето на осум милиони автомобили годишно. Иако метанот останува во атмосферата околу десет години, неговата способност да ја задржува топлината е над 80 пати поголема во споредба со јаглерод диоксидот, најчестиот гас со ефект на стаклена градина.
Студијата покажала дека овие настани претставуваат мал дел од проблемот, бидејќи експлозијата на нафтоводот претставува само два дена од вкупните емисии на метан од глобалната индустрија за нафта и гас.