Насловна / Архитектура / Унапредување на изработката на Законoт за градење

Унапредување на изработката на Законoт за градење

Во понеделник, 22.01.2018 год., со почеток во 12 часот во просториите на ГЕМ клубот (Менада)- Стара чаршија, Скопје, ќе се одржи Тркалезна маса на која ќе се презентира публикацијата:
„Партиципативен и транспарентен развој на одржлива политика за градење –
Анализа на изработка и донесување Закон за градење“

Во рамки на тркалезната маса ќе бидат изнесени сознанијата од спроведената студија, а се однесуваат на:
– 25 измени и дополни на Законот за градење,нивниот квалитет како и
последиците од честите законски измени,
– истакнување на недостатоци во процесот на изработка и донесување
Закон за градење,
– квалитет на извештајот за процена на влијание на регулативата,
– потреба од вклучување на сите засегнати страни во процесот на
изработка на Закон за градење,
– задавање препораки за унапредување на процесот на изработка и
донесување Закон за градење.

генера (2)

Законот за градење како најзначаен од областа на
градежништвото е од особена важност за сите засегнати страни,вклучително и пошироката јавност, поради што е потребно нејзино информирање со важните сознанија и препораки кои се дефинирани со овој проект и кои се презентирани во печатена Публикација.
Проектот се реализира во рамки на „Граѓанска алијанса за транспарентност“, поддржан од ФООМ и Еуротинк.

Агенда на настанот:
12:00 – 12:30 Презентација на публикацијата:
„ Анализа на изработка и донесување Закон за градење“
д-р Александар Петровски, Извршен директор на Генера Скопје

12:30 – 13:15 Дебата за унапредување на изработка на Законот за градење, Атанас Петровски
Учесници на дебатата, претставници на Министерство за транспорт и врски и локалната самоуправа, како и архитекти, инженери, асоцијации, комори, здруженија, граѓани

13:15 – 13:45 Вмрежување на учесниците

генера1 (2)

 

Испрати коментар

Scroll To Top