Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Унапредување на енергетската ефикасност преку ИПА Програмата за прекугранична соработка

Унапредување на енергетската ефикасност преку ИПА Програмата за прекугранична соработка

03_full
Во склоп на  ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција–Македонија 2007-2013„, Општина Ресен го реализира Проектот „Унапредување на енергетската ефикасност кај згради и заштита на животнатасредина„  за што во Инфо Центарот на националниот парк Пелистер денес се  одбележа отпочнувањето на имплементација и се  организира прв координативен состанок.

Проектот  е ко-финансиран од страна на Европската Унија во рамките на вториот повик на ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Македонија 2007-2013„, а вкупниот буџет на проектот е  674.999, 00 евра, од кои за активностите кои ќе бидат имплементирани во Р.Македонија е наменет износот од 218.239, 00 евра,додека останатите 456.760, 00 евра се наменети за активностите кои ќе бидат реализирани во Грција.

Предложени се  низа  мерки за можни интервенции на згради со цел да се намали нивната потрошувачка на енергија за 20% до крајот на 2015г., но и да се покрие значителен дел од нивната потрошувачка со примена на еколошки или обновливи енергетски технологии.Вкупното времетраење на проектот е 18 месеци.

Испрати коментар

Scroll To Top