Германскиот уметник Сајмон Шуберт има уникатен талент во користењето на обичен бел лист хартија и од него да направи неверојатно уметничко дело. Имено, тој од еден бел лист хартија прави сложена слика на празнични домови и палати и тоа само со едноставно виткање на хартијата.
Сите овие делови се изработени од обична хартија. Тие се целосно направени само со виткање и ништо не е нацртано на нив.
Тродимензионалноста на овие дела е добиена благодарение на посебна техника, која Сајмон ја користи. Линиите, аглите и (неверојатни) кругови се издигнати неколку милиметри, како резултат на позитивно и негативно свиткување.
Овие набори се менуваат под влијание на сенката и светлината и преминуваат од дведимензионални во тридимензионални (и обратно) во зависност од тоа како ја држите хартијата.
Под одредено светло, хартијата навистина ја оживува добиената длабочина и контраст.
Иако Сајмон главно се фокусира на архитектурата, тој има направено и неколку портрети.