Кога шведскиот фотограф Magnus Muhr, кој исто така создава под псевдонимот Flychelangelo одлучил да направи уметност од мртви муви ставајќи ги во комични, секојдневни ситуации, ставовите беа прилично спротивставени – некои луѓе тоа го нарекоа „грозоморно“ и „морбидно“, додека некои мислеа дека е „оригинално“ и „креативно“.
Flychelangelo користел муви кои веќе биле мртви и ги распоредил во забавни сцени како мокрење во јавност, лизгање на мраз, сончање, играње одбојка, трчање, јавање коњ, правење пирамида од муви или редица пред тоалет. Muhr објаснува од каде ја добил својата инспирација: „Ова започна на една забава пред неколку години. Ми беше досадно, најдов мува на балкон, имав ‘ахааа‘ момент и веднаш зедов молив и фотоапарат“.
Muhr дури објави и книга за неговата уметност со муви наречена „Животот на мувите“, која Daily Mail ја нарече „смешна“.